screenshot Instagram dayana_yastremskay

Украинската тенисерка Дајана Јастремска објави на Инстаграм дека руски проектaл го уништил нејзиниот дом.

„Руски проектил го уништи нашиот стан во Одеса. Единственото нешто што преживеа беше пешкир од Ролан Гарос“, напиша полуфиналистката на Аустралијан Опен 2024, која испадна во второто коло на овогодишниот Ју-Ес Опен.

Фотографиите и видеата што ги сподели Јастремска прикажуваат портокалов пешкир од Ролан Гарос како виси среде урнатините на станбената зграда.

„Дел од историјата на светскиот тенис го преживеа рускиот проектил. Нашиот дом не“, додаде 26-годишната Украинка.

Гувернерот на регионот Одеса, Олег Кипер, објави дека 37 лица – вклучувајќи и бебе – се повредени, а две се водат како исчезнати по рускиот напад со проектaли и дронови врз Одеса и блиското пристаниште Чорноморск во петокот навечер, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

ИЗДВОЕНИ