Либиските власти запленија пратка од околу 100.000 таблети екстази со ликот на соборениот лидер Муамер Гадафи, кои биле прошверцувани од Европа, соопштија безбедносните служби.
Фотографиите објавени од безбедносна агенција во Триполи прикажуваат вреќи со кафеави таблети обликувани така што наликуваат на главата и рамената на Гадафи, при што на нивната површина се втиснати цртите на неговото карактеристично лице и облека, пренесе Ројтерс.
Безбедносните служби добиле дојава дека криминална група за шверц на дрога планира да ја транспортира дрогата по морски пат и ја следеле пратката сè до нејзиното пристигнување, се наведува во соопштението објавено доцна синоќа од силите за борба против тероризмот и организираниот криминал, кои делуваат под надлежност на Претседателскиот совет со седиште во Триполи.
Агентите ја пресретнале пратката по пристигнувањето и ги пронашле таблетите скриени во комбе, се додава во соопштението.
Операцијата резултираше со заплена на вкупно околу 100.000 таблети екстази, а неколку осомничени лица беа предадени на обвинителството.
Таблетите пристигнале во либиско пристаниште преку европска земја, додадоа официјалните лица, без да ги откријат имињата на осомничените.
Според извештајот на Обединетите нации објавен во јануари, Либија стана главен регионален транзитен центар за синтетички дроги и други наркотици наменети како за локалните корисници, така и за пазарите во другите делови на Северна Африка и остатокот од континентот.
Бандите за трговија со дрога ја искористија нестабилноста во земјата, која трае уште од 2011 година, се наведува во извештајот на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал.
مخدرات تصل إلى ليبيا من أوروبا تحمل صورة معمر القذافي:
في حادثة غريبة تمكن جهاز الردع السلفي من ضبط شحنة مخدرات قادمة عبر إحدى الدول الأوروبية إلى ليبيا.. وأسفرت عملية التفتيش عن العثور على نحو 100 ألف قرص مخدر من نوع XTC عليها صورة معمر القذافي ومخبأة بإحكام داخل سيارة «رينو ماستر».— Khalil Elhassi (@ElhasseKhalil) September 13, 2026
Гадафи беше соборен во побуна поддржано од НАТО, со што Либија западна во долг период на внатрешен конфликт и поделби, забележува агенцијата.
Претседателскиот совет со седиште во Триполи ја врши функцијата шеф на државата уште од дијалогот во 2021 година, посредуван од ОН, во кој учествуваа
претставници на Владата за национално единство (GNU), призната од ОН.
Либија останува поделена меѓу GNU на запад и властите контролирани од воениот командант Калифа Хафтар, кој има контрола врз источниот дел и голем дел од југот на земјата.












