Судот во Русија го забрани документарниот филм „Господин Никој против Путин“ на режисерот Павел Таланкин, кој во текот на овој месец освои Оскар за најдобар документарен филм, пренесе „Би-би-си“.
По управната тужба, судот во родниот регион на Таланкин донесе пресуда за забрана, објавија локалните вести кои вршеа пренос од судцницата во четврток.
Судот наводно пресудил дека филмот содржи елементи „со ектремистички симболизам“ и „пропаганда за тероризам“. Исто така се наведува дека филмот вклучил малолетници чии родители не биле согласни тие да се појават во филмот.
Обвинителите тврделе дека филмот промовира негативен поглед на руското водство и војната во Украина.
Надвор од Русија, документарниот филм е достапен. Таланкин, учител и координатор во училиште во градот Карабаш во Чељабинскиот регион, снимал патриотски настани во училиштето и ги интервјуирал учениците, докуметирајќи го она што прикажува како растечката милитаризација влијае на секојдневиот живот на децата.
Подоцна избега од Русија со снимките, кои ги пркажуваат промените во Русија по инвазијата на Украина. Материјалот го монтираше американскиот режисер Дејвид Боренштин, кој живее во Копенхаген, во долгометражен докуметарен филм. Филмот исто така ја бележи еволуцијата на Таланкин во гласен критичар на војната.
Таланкин оттогаш е жестоко осудуван во Русија. Познатиот руски режисер Никита Михалков, кој освои „Оскар“ за својот филм „Изгорени од сонцето“ во 1995 година, го критикуваше докуметарниот филм како „страшен манифест на омраза против Русите“. Го опиша како антируска продукција поддржана од американските телевизии, вклучувајќи ја и данската ДР, британски „Би-би-си“ и германски “ЗДФ“.












