Вршителот на должноста претседател на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека, согласно Уставот, крајниот рок за распишување претседателски избори е 27 ноември, и напомена дека доколку институциите бидат формирани брзо, некој друг ќе ја преземе улогата на вршител на должноста претседател на Републиката.
„Во согласност со Уставот на Република Србија, изборите ќе се одржат до 27 декември. Во секој случај, ќе видиме, доколку институциите се формираат брзо, тогаш некој друг ќе ја преземе улогата на вршител на должноста претседател на Републиката“, изјави Брнабиќ на прес-конференција во Претседателството на Србија, одговарајќи на прашањето кога ќе распише претседателски избори.
Брнабиќ наведе дека брзото формирање на институциите е од најголема важност во овој момент, за – како што рече таа – оние што победија на изборите да можат да преземат одговорност за квалитетот на животот во земјата.
Таа изрази надеж дека до 27 ноември барем ќе биде конституиран парламентот, додавајќи дека – по повторувањето на парламентарните избори на одредени избирачки места оваа недела и објавувањето на конечните резултати – таа ќе го свика Народното собрание на Србија во најкус можен рок.
„Ако продолжат малтретирањето на граѓаните, теророт врз нив и непочитувањето на Уставот и законите на Република Србија, тогаш нека знаеме сите кој е одговорен за тоа – наместо тие да се кријат зад своите насилници и извршители. Впрочем, оние што веднаш ги прифатија и објавија изборните резултати изјавија дека нема да попречуваат ништо, сепак, не поднесоа ниту еден приговор во врска со какви било неправилности на избирачките места – иако такви неправилности имаше на секое едно од нив“, изјави Брнабиќ.
Таа додаде дека победниците на изборите треба да покажат почит и кон граѓаните кои гласале поинаку, истакнувајќи дека и тие се граѓани на Србија, заштитени со Уставот и законите на земјата.
Во меѓувреме, на 1 ноември во Србија ќе се повторат парламентарните избори на 53 избирачки места.












