
Иницијативата „Ген зет регулира“ (Gen Z regelt) за утре најави протести во околу 30 германски градови. Засега, полицијата нема сознанија за конкретни планови за насилство, но по случајот на Франција, трговците преземаат мерки да се заштитат.
Иницијативата ги покани младите луѓе на протести барајќи поголеми инвестиции во училиштата и психолошка помош, подостапен живот и пофер распределба на трошоците меѓу генерациите. Тие се залагаат за заштита на граѓанските права и климата и се спротивставуваат на воведувањето воена служба.
Организаторите велат дека собирите ќе бидат мирни, но најавите предизвикаа загриженост откако неодамнешните протести во Франција и други европски земји беа придружени со палежи, судири со полицијата и грабежи на продавници, па полицијата ги следи повиците на социјалните мрежи и подготвува засилување.
Во Диселдорф, на Кенигсале, една од најпознатите шопинг улици во Германија, пред луксузните продавници беа видени скелиња и наредени панели од иверица. Трговците, особено златарите и продавниците за облека, размислуваат да ги затворат своите продавници во текот на денот и да ги заштитат излозите и фасадите со дрвени панели. Некои планираат да ја тргнат стоката од излозите па дури и да испразнат цели продавници.











