четврток, септември 24, 2026
Дома СКОПСКА „Розов октомври“ во Кисела Вода

„Розов октомври“ во Кисела Вода

1

Утре, во 18:00 часот, во Големата сала на Општина Кисела Вода ќе се одржи втората едукативна трибина во рамките на кампањата „Розев Октомври“.

Настанот, кој се реализира во соработка со Здружението „Хема-Онко“, е целосно посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер.

-Целта е преку стручни совети и реални искуства да се подигне свеста за важноста на редовните прегледи – потенцираат од Општина Кисела Вода.

За овие клучни теми, пред присутните ќе говорат врвни медицински експерти: проф. д-р Ирена Алексиевска Папештиев, специјалист гинеколог-акушер и директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, проф. д-р Виолета Клисаровска, онколог при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

На трибината ќе се обрати и Анита Бошкова, правник и поетеса, која ќе го сподели своето лично искуство како пациентка и ќе зборува за значењето на навременото откривање на болеста.

Општина Кисела Вода упатува отворен повик до сите заинтересирани граѓани да дојдат и да присуствуваат на овој настан.

-Преку знаењето, отворениот разговор и споделените искуства, сите заедно можеме да придонесеме кон поголема свесност за здравјето на жените – наведуваат од локалната самоуправа.

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ