четврток, септември 24, 2026
Дома СВЕТ Средба меѓу Путин и Трамп на самитот на Г-20 – „прерано е...

Средба меѓу Путин и Трамп на самитот на Г-20 – „прерано е да се зборува за тоа“

1
EPA/ALEXANDER KAZAKOV

Прерано е да се зборува за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на Г20 во САД, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Прерано е да се зборува за тоа, сè уште не е донесена никаква одлука“, им рече Песков на новинарите одговарајќи на прашање за можна средба меѓу рускиот и американскиот претседател на самитот на Г20, пренесува „РИА Новости“.

Претходно, американскиот државен секретар Марко Рубио објави дека Вашингтон го поканил рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во САД, а портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за „РИА Новости“ изјави дека Русија е благодарна и ја цени поканата за учество на Путин на Г20, како и дека таа ќе биде разгледана.

ИЗДВОЕНИ