четврток, ноември 12, 2026
Дома СКОПСКА Текбол маси за сите основни училишта во Карпош

Текбол маси за сите основни училишта во Карпош

1

Во спортската сала „Наум Наумовски Борче“ (Партизан), денеска свечено беа доделени десет текбол маси наменети за сите основни училишта во Општина Карпош.

Градоначалникот на Општина  Карпош, Сотир Лукровски истакна дека воведувањето на оваа иновативна новина во училишта ќе им овозможува на основците да запознаат нови спортски дисциплини, поразлични од традиционалните, и да ги стекнуваат дополнителни вештини.

-Ние како Општина, во континуитет вложуваме во модернизирање на спортската инфраструктура во Карпош и сме особено горди што нашите ученици ќе имаат можност да научат да играат нови спортски игри, кои ќе го развие нивниот психомоторен развој, но и ќе придонесе за уште поголема социјализација и тимски дух помеѓу нив – изјави Лукровски.

Во рамки на свеченоста, црногорскиот репрезентативец Марко Жарковиќ и Диме Пејчиновски изиграа ревијален натпревар во текбол, преку кој присутните имаа можност да се запознаат со овој атрактивен спорт и неговите специфични правила.

-Покрај текбол, на настанот се презентираа и спортските игри текволеј и текпонг, со што беа преставени различните можности што ги нуди овој вид на спортска активност. На крајот, во знак на пријателството и спортската соработка меѓу Македонија и Црна Гора, симболично беа разменети репрезентативни дресови – соопштија од Општина Карпош.

Оттаму наведуваат дека со оваа иницијатива, се отвараат нови можности за развој на училишниот спорт, спортското дружење и здравите животни навики кај најмладите.

На настанот присутвуваа министерот за спорт, Борко Ристески, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, амбасадорот на Црна Гора, Н.Е. Зоран Миљаниќ, како и претставници на институции, советници и гости.

 

ИЗДВОЕНИ