„Се вратив“ рече Кристијано Роналдо (41) на англиски јазик по последниот свиреж на натпреварот помеѓу Португалија и Узбекистан (5-0). Капитенот на португалската репрезентација беше клучен играч за својот тим со два гола и со тоа стана првиот играч во историјата што постигнал гол на шест различни Светски првенства.
Во изјава за Спорт ТВ по натпреварот, Роналдо ја разјасни својата порака од теренот. „Тоа е за да не заборават“, кратко коментираше тој. Кога го прашаа дали ова е најдобриот одговор на критиките упатени кон него по првиот натпревар од првенството, тој повторно беше директен: „Секогаш“, одговори легендарниот Португалец, кој беше критикуван од бројни аналитичари и новинари по лошиот настап во првото коло против ДР Конго.
„Исклучително сум среќен, но најважно е настапот на целиот тим и самодовербата што ја имавме. Цела недела бевме под критики. Знаевме дека ќе се случи, но тимот работеше добро и значително се подобривме. Секое зло за некое добро“, рече Роналдо, кој со десет постигнати гола го престигна Еузеби на листата на најдобри португалски стрелци на Светските првенства.
„Секогаш е убаво да се соборат рекорди, но најважно е да се помогне на репрезентацијата да ги постигне своите цели. Сега беше важно да се помине низ групата. Мислам дека веќе го обезбедивме тоа со четири бода и затоа сум многу среќен“, додаде тој.
„Бог им помага на оние што работат. Знаев дека и моите соиграчи ќе ми помогнат. Ова беше тешка, темна недела. Речиси ме отпишаа и ме испратија во пензија, но јас истрајав, како и секогаш, затоа што верувам во работата. Беше тешко, морам да признаам, но се вративме“, заклучи Роналдо.
Лионел Меси (38), најголемиот ривал на Роналдо, има фантастичен турнир. Во првиот натпревар, тој постигна хет-трик против Алжир (3:0), додека постигна два гола против Австрија (2:0), што го прави најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со 18 гола.
Португалскиот „Рекорд“ пишува дека Роналдо, кога бил прашан за головите на Меси, одговорил: „Не ми е гајле за Меси“.
⚠️⛔️ CRISTIANO RONALDO IGNORÓ LA PREGUNTA CUANDO MENCIONARON A MESSI.
⁉️ ¿Opiniones? pic.twitter.com/HafhTjQNNG
— Sudanalytics (@sudanalytics_) June 23, 2026












