Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека открила мрежа на агенти на полските разузнавачки служби во Калининградската област, кои собирале и пренесувале информации за руски воени објекти и за припадници на Министерството за одбрана.
Според соопштение на ФСБ, две лица се уапсени под сомнение за соработка со полското воено разузнавање и со Агенцијата за внатрешна безбедност на Полска, пренесува новинската агенција „РИА Новости“.
Против осомничените е покрената кривична постапка за шпионажа, согласно член 276 од Кривичниот законик на Руската Федерација, а судот им одреди мерка притвор.
Од ФСБ наведуваат дека, покрај податоци за воени објекти, биле собирани и информации поврзани со социо-економската состојба, миграциските трендови и социјалната политика во Калининградската област.
Според руската безбедносна служба, вкупно 10 лица – седум полски и тројца руски државјани – биле во контакт со полските разузнавачки структури. На нив им се издадени официјални предупредувања.
ФСБ исто така соопшти дека им ги поништила руските визи на 14 полски државјани, додека на уште шест лица им е изречена забрана за влез во Русија.
Руската служба објави и снимка од еден од приведените, кој признал дека, постапувајќи по инструкции од полски соработник, собирал информации за воени објекти на руското Министерство за одбрана во градот Балтијск, во Калининградската област.
ФСБ раскрыла сеть польских спецслужб в Калининградской области.
Польская агентура собирали данные о российских военных объектах и социально-экономической ситуации в регионе https://t.co/bnkKnrDEta
— Синий Туман (@TumanRborn) November 11, 2026
В Калиниградской области двух человек арестовали по делу о шпионаже в пользу Польши, отчиталась ФСБ.
Помимо этого, «семерым гражданам Польши и трем гражданам России, контактировавшим с польскими спецслужбами, объявлены официальные предостережения»
https://t.co/Y8LUb99G5W
Видео: ФСБ— Медиазона (@mediazzzona) November 11, 2026












