среда, август 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Реконструкција на музичкото училиште „Панче Пешев“

Реконструкција на музичкото училиште „Панче Пешев“

25

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информираше дека активно се работи на реконструкција на музичкото училиште „Панче Пешев“, како и на зголемување на неговата енергетска ефикасност и функционалност.

– Во тек се поставувањето нова енергетско-ефикасна фасада, реконструкцијата на покривниот покривач и поставувањето нови ПВЦ-прозорци во објектот – нагласи Димитриевски.

Тој додаде дека реконструкцијата е дел од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, финансиран од Кралството Шведска и од Општина Куманово, а имплементиран од УНДП, со фокус на подобрување на квалитетот на воздухот и унапредување на енергетската ефикасност.

– Првпат целосно го реконструираме училиштето, од неговата изградба, со што по долг временски период објектот добива целосно нов лик и подобри услови за работа – заклучи кумановскиот градоначалник.

 

ИЗДВОЕНИ