недела, септември 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Преспански авантури“ во Претор

„Преспански авантури“ во Претор

86

На 15 август, во Претор ќе се одржи „Преспански авантури“, инклузивна велосипедска тура наменета за лицата со и без попреченост. Настанот е дел од проектот „Магијата на Преспа“, чија цел е промовирање на активниот и инклузивен туризам, подобра пристапност и еднакво учество во рекреативните и во туристичките активности.

Учесниците ќе возат по велосипедска маршрута низ Преспанскиот Регион, при што ќе може да користат стандардни и адаптивни велосипеди. По завршувањето на турата, програмата ќе продолжи со пикник и со дружење покрај Преспанското Езеро, како и со презентација и практично испробување адаптивни велосипеди за лицата со попреченост.

Настанот ќе почне во 8:30 часот со прием на гостите и на претставниците на медиумите. Медиумските изјави и презентацијата се предвидени за 9:00 часот, додека велосипедската тура ќе почне во 9:30 часот.

Претставниците на медиумите ќе имаат можност да разговараат со организаторите, партнерите и со учесниците, како и да ги проследат стартот и текот на турата преку фотографии и видеоснимки.

 

 

ИЗДВОЕНИ