среда, август 12, 2026
Дома СКОПСКА Објектот се проширува со шест нови училници, а се поставуваат и топлински...

Објектот се проширува со шест нови училници, а се поставуваат и топлински пумпи

14

Во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче интензивно се одвива неговата доградба, а во тек се и активностите за унапредување на системот за греење со топлински пумпи.

Од Општина Аеродром информираат дека се гради целосно нов дел од училиштето, кој ќе располага со шест нови училници и со две помали канцеларии.

– Со реализацијата на овој проект, ќе се обезбедат дополнителни просторни капацитети и значително подобри услови за одвивање на наставата – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека паралелно се реализира и проектот за подобрување на системот за греење со поставување топлински пумпи, согласно со Меморандумот за соработка меѓу УНОПС и Општина Аеродром. Со проектот се опфатени ООУ „Гоце Делчев“, спортската сала и ЈУДГ „Бубамара“.

Во досегашната фаза е изработена армирана бетонска плоча и поставени се топлинските пумпи, со што активностите за воспоставување на новиот систем за греење се во завршна фаза.

– Инвестираме во образовната инфраструктура затоа што сакаме нашите ученици да учат во современи, квалитетни и ефикасни услови. Доградбата на ООУ „Гоце Делчев“ и новиот систем за греење се конкретни инвестиции што значат подобри услови денес, но и создавање подобра иднина за нашите деца – истакна градоначалникот Митески.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ