понеделник, октомври 26, 2026
Дома СКОПСКА Реконструкција на кракот 28 на улицата „Тодор Чангов“

Реконструкција на кракот 28 на улицата „Тодор Чангов“

84

Во тек се градежни работи на кракот 28 на улицата „Тодор Чангов“, каде што, во должина од 200 метри, се врши целосна реконструкција, со замена на тампонскиот слој и на асфалтната конструкција.

Увид во активностите вчера изврши градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

– Првпат оваа улица добива темелно обновена сообраќајна површина, што ќе придонесе за поголема безбедност и за подобри услови за движење на жителите. Продолжуваме со реализацијата на проекти што носат конкретни промени во секојдневието на граѓаните. Интензивно работиме на обновување и на подобрување на сообраќајната инфраструктура низ Општина Аеродром – истакна тој.

 

ИЗДВОЕНИ