Тричлено семејство загина синоќа во грчкото пристаниште Пиреја, откако нивниот автомобил паднал во морето од причини што допрва треба да се утврдат, објавија грчките медиуми.
Меѓу загинатите се 82-годишниот татко, кој управувал со возилото, 72-годишната мајка и нивниот 45-годишен син, пренесе ЕРТ.
Според првичните информации, со автомобилот управувал 82-годишниот татко, кој најверојатно изгубил контрола над возилото поради лошите услови предизвикани од обилниот дожд.












