вторник, септември 29, 2026
Дома БАЛКАН Речиси 29 отсто од Бугарите се изложени на ризик од сиромаштија –...

Речиси 29 отсто од Бугарите се изложени на ризик од сиромаштија – и секое трето дете е ранлива категорија

0
Фото:википедија

Речиси 29 отсто од населението во Бугарија е изложено на ризик од сиромаштија, додека ранливо е и секое трето дете, изјави денеска Зорница Русинова, претседателка на Економско-социјалниот совет на Бугарија.

Говорејќи на јавна консултација во Софија, организирана од Економско-социјалниот совет и Министерството за труд и социјална политика, таа истакна дека и покрај значителното зголемување на средствата за социјална заштита во последните години, голем број бугарски граѓани и понатаму се изложени на ризик од сиромаштија, пренесува агенцијата БТА.

Според неа, затоа треба да се размисли не само за зголемување на поединечните надоместоци – како што се детските додатоци или помошта за греење – туку и за усвојување нов модел на социјална заштита, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ