среда, ноември 18, 2026
Дома БАЛКАН Се проширува истрагата за смртта на Кристијан Периш: Притвор за уште четири...

Се проширува истрагата за смртта на Кристијан Периш: Притвор за уште четири лица

1
Фото: Facebook / Atletski klub Agram

На барање на обвинителството, Жупанискиот суд во Загреб одреди притвор за уште четворица осомничени во врска со тешкото убиство на Кристијан Јосип Периш (32), пациент на Психијатриската клиника во загрепската населба Јанкомир.

Кристијан Јосип Периш почина на 21 октомври, а неколку дена подоцна беа уапсени четворица медицински техничари. Вчера во притвор беа однесени уште четири лица – еден лекар, две медицински сестри и уште еден техничар. Тие биле присутни во болничката соба кога врз лицето на пациентот – кој бил врзан – била ставена перница, при што била употребена и физичка сила. Во јавноста протекоа снимки од безбедносните камери на кои се гледа како постапувале со пациентот, што предизвика шок во Хрватска и во поширокиот регион.

Обвинителството тврди дека лекарот – кој, како што се гледа на снимката, бил во собата и ја надгледувал медицинската интервенција – не ги спречил четворицата претходно уапсени медицински техничари во постапувањето кон Кристијан Јосип Периш, кое било спротивно на професионалните медицински стандарди. Притоа, тие со употреба на физичка сила му нанеле повеќекратни повреди.

Понатаму, обвинителството наведува дека лекарот, заедно со двете медицински сестри и дополнителниот техничар, „не презеле ништо за да го спречат таквото, опасно по живот, однесување на обвинетите медицински техничари кон пациентот – иако можеле и требало да интервенираат – со што пропуштиле да ги спречат последиците за пациентот, кој починал како резултат на инцидентот“.

Според хрватските медиуми, на осомничените им е одреден притвор за да се спречи влијание врз сведоците.

ИЗДВОЕНИ