Голем скандал го потресе германскиот ракомет, откако словенечкиот ракометар Гашпер Хорват (28) поднесе пријава против второлигашот Хам Вестфален, поради обид за изнуда.
Според информациите на германски „Билд“, обвинителството во Дортмунд отворило истрага, а минатиот четврток полицијата извршила претреси во домовите на челниците на клубот и одзела мобилни телефони и други дигитални уреди.
Хорват, кој игра на позицијата лев бек, во клубот пристигна во август 2025 година и има договор до 2027 година. По повредата се наоѓаше во процес на рехабилитација, кога, според наводите, раководството одлучило дека повеќе не смета на него и сакало предвреме да ја прекине соработката.
На состанок со ракометарот му бил понуден документ за раскинување на договорот. Но, ситуацијата наводно добила драматичен тек, бидејќи му било посочено дека, доколку одбие да потпише, следниот ден ќе му ги скршат двете нозе.
Поради истрагата што е во тек, засега не ја коментираат ситуацијата.












