понеделник, јуни 8, 2026
Дома СВЕТ Дваесетипет метри под земја под продавница за облека, откриен таен подземен тунел...

Дваесетипет метри под земја под продавница за облека, откриен таен подземен тунел на Хезболах? ИД објави снимка/ВИДЕО

406
Foto: Printscreen/Video

Израелската војска (ИДФ) објави дека открила тунели за кои вели дека се наоѓаат 25 метри под продавница за облека во јужниот либански град Кијам.

ИДФ во соопштението наведува дека станува збор за подземен команден центар на Хезболах.

Во тунелот, израелската војска соопшти дека војниците пронашле оружје и неколку простории за кои велат дека Хезболах ги користел „за управување со борбени операции“.

Од 2 март, израелските сили спроведуваат офанзива во Либан, во која, според официјалните бројки, околу 2.300 луѓе се убиени, повеќе од 7.500 се ранети, а повеќе од еден милион луѓе се раселени.

Десетдневен прекин на огнот во Либан објави американскиот претседател Доналд Трамп на 17 април. Денес, во САД започнува втората рунда преговори меѓу Израел и Либан, во кои Либан има намера да побара едномесечно продолжување на прекинот на огнот што истекува во недела.

ИЗДВОЕНИ