Д’Анџело Расел смета дека Филаделфија Сиксерс во новата НБА-сезона ќе има огромни амбиции, особено по пристигнувањето на Леброн Џејмс и Џејлен Браун. Во поткастот „Бекјард поткаст“, Расел го анализираше составот на тимот, кој на хартија изгледа како еден од најсилните во лигата.

Покрај Џејмс и Браун, Сиксерси ќе ги има и Џоел Ембид, Тајрис Макси и ВЈ Еџкомб.

  • Леброн е најдобриот на сите времиња, Џоел е поранешен МВП, Џејлен Браун беше МВП на финалето, а Макси доаѓа по одлична сезона. Небото е граница, порача Расел.

Поранешниот Ол-стар смета дека очекувањата во Филаделфија ќе бидат огромни.

  • Ова е тим кој се стреми кон титула или ништо, додаде тој.

Сиксерси минатата сезона стигна до полуфиналето на Истокот, а сега со Леброн, здравиот Ембид и новите улоги за Макси и Еџкомб, амбициите се многу поголеми.

ИЗДВОЕНИ