Ливерпул сериозно работи на ангажманот на 22-годишниот сенегалски репрезентативец, Ламин Камара од Монако, а трансферот на би можел да се реализира уште во јануари. Според англиските медиуми, разговорите со неговите претставници се одвиваат во позитивна насока и „црвените“ се блиску до договор за личните услови.
Сепак, најголема пречка е отштетата, бидејќи Монако наводно бара дури 70 милиони евра за својот играч. Камара и минатото лето беше блиску до трансфер во Челзи, но договорот пропадна во последен момент, иако клубовите наводно се договориле за сума од 43 милиони евра.
Ливерпул сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред, но нема да има лесна задача, бидејќи интерес за Сенегалецот покажуваат и Арсенал, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Баерн Минхен. Ниту Челзи целосно не се откажа од можноста да го доведе, па Камара би можел да биде едно од најбараните имиња во јануарскиот преоден рок.











