Високиот советник во Кремљ, Јуриј Ушаков, најави дека Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат неколку пати за време на самитот на АПЕК. Според него, првата средба би можела да се одржи уште вечерва, за време на свечената вечера. Путин и Трамп, исто така, имаат закажано средба за четврток со кинескиот претседател Шји Џинпинг.
Ушаков за руската државна телевизија потврди дека двајцата претседатели ќе се сретнат и во текот на наредните денови.
„Тие сигурно ќе се сретнат утре“, рече тој – како за време на пленарната сесија на АПЕК, така и веднаш по нејзиното завршување.
Тој нагласи дека разговорот ќе биде суштински, без оглед на формалностите.
„Лидерите ќе се сретнат – верувајте ми – и ќе водат суштински разговор, без разлика дали ќе седат во фотелји, на обични столици или на клупи, или пак ќе стојат еден спроти друг. Средбата ќе се одржи. Нашиот претседател и американскиот претседател ќе се сретнат неколку пати за време на самитот“, изјави Ушаков.
Ушаков исто така навести дека на маргините на самитот би можело да дојде и до поинтимна средба – без присуство на големи делегации.












