среда, ноември 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Балканска операција „Мозаик“ за откривање детска порнографија: Ги терале сами да се...

Балканска операција „Мозаик“ за откривање детска порнографија: Ги терале сами да се снимаат и сликаат, снимките ги продавале на црни мрежи

0

Четири лица се уапсени во Република Српска под сомнение дека преку социјалните мрежи разменувале материјали од сексуална злоупотреба и искористување деца, а контактирале и малолетници на кои им испраќале фотографии и ги наведувале да создаваат порнографски содржини.

Апсењата се дел од меѓународната оперативна акција „Мозаик 2026“, која ја спроведува Министерството за внатрешни работи на Република Српска во соработка со Европол и полициските служби на Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска и Македонија.

Според информациите од МВР на Република Српска, четворицата се осомничени за кривично дело искористување деца за порнографија, предвидено во член 175 од Кривичниот законик на Република Српска.

Во рамки на акцијата, по наредба на надлежните судови, полицијата извршила претреси на пет локации што ги користеле осомничените. Притоа биле одземени мобилни телефони, лаптопи, УСБ-уреди, мемориски и СИМ-картички, како и други уреди за складирање дигитални податоци и предмети што може да бидат поврзани со кривичното дело.

Акцијата „Мозаик 2026“ е со цел откривање и спречување сексуална злоупотреба и искористување деца преку интернет, како и кривични дела поврзани со детска порнографија.

ИЗДВОЕНИ