недела, јуни 28, 2026
Дома СВЕТ Путин доби дозвола од Парламентот да нападне која било земја во светот

Путин доби дозвола од Парламентот да нападне која било земја во светот

Усвоен е закон што му дозволува на Путин да нареди напад врз која било земја во светот

178
EPA/PAVEL BEDNYAKOV / AP POOL

Рускиот парламент на вчерашната седница усвои закон што ќе му дозволи на рускиот претседател Владимир Путин да нареди напад врз која било земја во светот, пишува „Политико“. Според овој закон, Русија ќе може легално да ја испрати војската во странство за да ги заштити своите граѓани кои се уапсени, под истрага, изведени на суд или злоупотребени на кој било начин од странски земји.

„Западното правосудство се претвори во репресивна машина за потиснување на одлуките што не се согласуваат со оние што ги наметнуваат европските претставници. Во овие околности, важно е да се направи сè за да се заштитат нашите граѓани во странство“, рече претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин.

Путин сега има две недели да го потпише овој закон. Се очекува дека секако ќе го потпише, пишува Политико.

ИЗДВОЕНИ