Јавното претпријатие „Улици и патишта“ ги известува граѓаните дека в недела, со почеток во 8:00 часот изутрината, на крстосницата помеѓу улиците „Скупи“ и Љубљанска“ ќе почне со демонтажа на семафорските портални и обични столбови и на семафорската опрема.
Оттаму велат дека ќе се реализираат овие активности согласно со одобрен сообраќаен проект за измена на режимот на сообраќај за воведување нови светлосни сигнали на крстосницата.
Притоа, сообраќајот ќе биде комплетно затворен и целосно пренасочен по околната улична мрежа.
Времениот режим ќе важи до завршување на активностите, а сообраќајот ќе се одвива со помош на соодветна сообраќајна сигнализација и опрема. На тие приоди ќе има поставено и лица од ЈП „Улици и патишта“ за физичко регулирање на сообраќајот.
Од претпријатието апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да се приспособат на новонастанатите услови на патот, во целост почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.












