петок, ноември 13, 2026
Дома СВЕТ Макрон даде сè од себе за да ја бакне „ледената кралица“ –...

Макрон даде сè од себе за да ја бакне „ледената кралица“ – таа даде сè од себе тој да не успее/ФОТО

0
EPA/Teresa Suarez

Емануел Макрон доживеа прилично непријатен момент во Даблин во петокот наутро, кога се наведна за да ја бакне исландската премиерка Крструн Фростадотир за време на средбата на европските лидери. Сепак, колку повеќе тој се наведнуваше кон неа, толку повеќе таа се повлекуваше, пренесува „Дејли мејл“.

Францускиот претседател беше фотографиран како се наведнува кон неа, обидувајќи се да ја прегрне и бакне, меѓутоа, се чини дека Фростадотир го избегна прегрнувањето повлекувајќи се наназад, притоа задржувајќи ја раката на неговото рамо.

Таа изгледаше непријатно додека погледна кон фотографот од десната страна, кој ја овековечи оваа незгодна средба. Макрон, од друга страна, делуваше сосема рамнодушно. Тој изгледаше добро расположен, се смешкаше и одржуваше контакт со очите додека ѝ приоѓаше.

Средбата се случи додека европските лидери денеска се собраа во Даблин на тркалезна маса во рамките на Европската политичка заедница.

ИЗДВОЕНИ