петок, ноември 13, 2026
Дома СВЕТ Microsoft: Охрабрувачки напредок во обновувањето на услугите во Европа

Microsoft: Охрабрувачки напредок во обновувањето на услугите во Европа

1

Прекин во работата на услугите на Microsoft – кој трае веќе најмалку 18 часа – влијае врз платформи како што се Teams, Outlook и софтверот со вештачка интелигенција Copilot. Microsoft објави ново соопштение со детали за обновувањето на своите услуги во различни региони ширум светот.

Компанијата известува за „охрабрувачки напредок во обновувањето на услугите во Европа“, наведувајќи дека достапноста на услугите и успешноста во испораката на е-пораки „се подобруваат во сè поголем дел“ од нејзината инфраструктура, пренесува BBC.

„Ситуацијата во Јапонија останува релативно постабилна, а условите се подобруваат и во Северна Америка. Сепак, некои корисници сè уште може да наидуваат на повремени проблеми додека траат напорите за целосно обновување“, наведува компанијата во соопштение објавено онлајн.

Од Microsoft нагласија дека се фокусирани на „решавање на преостанатите проблеми со услугите“.

Глобалниот прекин продолжува да влијае врз Teams, Outlook и софтверот со вештачка интелигенција Copilot. Проблемите започнаа во четвртокот, а Downdetector – веб-страница што ги следи прекините во интернет-услугите – регистрираше пријави од повеќе од 70 земји. Од Microsoft изјавија дека инцидентот не е предизвикан од сајбер-напад. Повеќе од 430 милиони луѓе користат апликации од пакетот Microsoft 365, а проблеми како последица на овој прекин пријавија и технолошките гиганти OpenAI и Anthropic.

Microsoft се обидува да го реши глобалниот прекин, но признава дека поправките не “одат како што се очекуваше“

ИЗДВОЕНИ