Викендов и официјално беа пуштени во употреба реконструираните спортски терени на кејот на реката Вардар кај Маџир Маало. Со, тоа, повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните.
Од Град Скопје информираат дека се обновени игралиштата за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и заштитна ограда.

– Проектот претставува дел од пошироката стратегија за уредување и ревитализација на кејот на Вардар, со цел создавање функционален и модерен јавен простор достапен за сите генерации – нагласија градските власти.

Оттаму истакнаа дека вложувањата во спортската инфраструктура се директна инвестиција во здрави млади генерации и поквалитетен урбан живот. Притоа, го нагласија и значењето на институционалната соработка, која, како што велат, овозможува реализација на проекти од значење за граѓаните. Најавуваат дека ова е само почеток на нов циклус на развој на јавните простори во градот.












