Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ почнува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Акцијата ќе биде со определено времетраење и започнува од денеска, а завршува заклучно со 05.06.2026 година. Од претпријатието ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани во согласност со Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

По истекот на овој период, одлуката престанува да важи.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“, граѓаните можат да се јават на: 02 3073 010 – Дежурно-информативен Центар  02 3240 300 – дирекција на претпријатието, како и на: [email protected] и www.vodovod-skopje.com.mk.

 

ИЗДВОЕНИ