среда, јуни 24, 2026
Дома СВЕТ Еболата пристигна во Европа: Франција го потврди првиот случај на зараза

Еболата пристигна во Европа: Франција го потврди првиот случај на зараза

22

Француските здравствени власти денес го потврдија првиот случај на ебола во земјата од почетокот на тековната епидемија, кај лекар кој се вратил од хуманитарна мисија во Демократска Република Конго.

Француското Министерство за здравство соопшти дека пациентот бил сместен во специјализирана установа и е во изолација, а властите започнале идентификација и следење на луѓето кои биле во контакт со него, објави „Ле Фигаро“.

Властите изјавија дека ризикот за општата популација во Франција и Европа е „низок“.

ИЗДВОЕНИ