среда, ноември 11, 2026
Дома СВЕТ Хаос во Италија: Најмалку 300 училишта евакуирани поради закани со бомби

Хаос во Италија: Најмалку 300 училишта евакуирани поради закани со бомби

7

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добија идентична закана за поставена бомба, изјави министерот за образование Џузепе Валдитара, пренесува Ројтерс. Министерот за телевизискиот канал „Ла7“, изјави дека се верува оти станува збор за лажни дојави, иако се очекува бројот на зафатени училишта да се зголеми.

„По добиената закана за бомба на национално ниво, сакаме да ве информираме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, стои во известувањето што едно училиште во Рим го испрати до родителите.

Валдитара истакна дека фактот што заканата била испратена до толку голем број училишта фрла сомнеж врз нејзината веродостојност.

Според Ројтерс, кои имале увид во пораката, таа била потпишана од „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“.

Истиот наводен автор ја презеде одговорноста и за заканите за бомби испратени преку е-пошта во петокот до редакции во Ирска и Бугарија.

Италијанската полиција започна истрага за инцидентот, кој се случува во време на зголемена загриженост во Европа поради закани поврзани со таканаречената хибридна војна.

ИЗДВОЕНИ