понеделник, октомври 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пронајдена дрога при при претреси во Пробиштип и Злетово: Три лица се лишени...

Пронајдена дрога при при претреси во Пробиштип и Злетово: Три лица се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава/ФОТО

5
Фото:МВР, фб

Три лица се лишени од слобода по полициски претреси во Пробиштип и во селото Злетово, при што биле пронајдени марихуана, грутчеста материја, семки од канабис и предмети поврзани со мерење и подготовка на дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, на 11.10.2026 во с.Злетово, пробиштипско и во Пробиштип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР штип, ОВР Пробиштип, ОВР Берово, ОВР Делчево, ОВР Виница ги лишија од слобода МА.(34) од с.Злетово, К.Т.(23) од Пробиштип и К.А.(30) од с.Злетово.

При претрес во домот на М.А. во Злетово, узвршен со судска наредба, пронајдени се и одземени грутчеста материја и една дробилка.
При претрес во домот на К.Т. во Пробиштип, извршен, исто така, со судска наредба, пронајдена е марихуана.

И во домот на К.А. во Злетово, со судска наредба е извршен претрес без негово, но со присуство на неговите родители, пронајдени се и одземени неколку пакувања со грутчеста материја, марихуана, семки од растението канабис, две дигитални ваги, една дробилка со остатоци од марихуана и предмети со остатоци марихуана. Додека траел претресот во неговиот дом, тој со возило дошол пред дворот, по што е лишен од слобода.

Против тројцата е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на К.А. му е определена мерка притвор од 30 дена и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката, стои во соопштението на МВР.

 

ИЗДВОЕНИ