Македонските борачи остварија одличен успех на Светските игри во кинеско борење – шуаи џиао, кои се одржаа во Монтесилвано, Пескара, Италија, освојувајќи вкупно три медали – еден златен и два бронзени.

Најголемиот успех го постигна Леа Стојковска, која го освои златниот медал во категоријата до 56 килограми.

Бронзени одличија за Македонија освоија Марко Топузовски во категоријата до 100 килограми и Елвир Бајрами во категоријата до 60 килограми.

Во сениорска конкуренција, наменета за натпреварувачи од 18 до 38 години, настапи и Димитар Качурков, кој се натпреваруваше во категоријата до 70 килограми, но овој пат не успеа да се пласира меѓу освојувачите на медали.

Делегацијата ја предводеа тренерот д-р Страшо Глигоров и тим-лидерот, Ѓорѓи Глигоров.

Со златото на Стојковска и бронзените медали на Топузовски и Бајрами, македонските борачи достојно ја претставија земјата на меѓународната сцена.

ФОТО: Фејсбук Леа Стојковска

ИЗДВОЕНИ