недела, ноември 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Четворица сватови тргнале на свадба, блокирале булевар во Скопје и си добија...

Четворица сватови тргнале на свадба, блокирале булевар во Скопје и си добија казни

226

Од МВР информираат дека се санкционирани четири возачи кои непрописно со возила блокираа булевар во Скопје.

-Во врска со видеото кое беше споделено во дел од медиумите на кое се гледа како на бул.”Јане Сандански” во Скопје од страна на неколку возила е попречен сообраќајот, денеска (11.10.2026) во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје повикани се Д.Г.(28) кој управувал патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, М.П.(25) кој го управувал патничко возило “бмв” со скопски регистарски ознаки, Љ.Б.(48) кој управувал патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки и С.С.(23) кој управувал патничко возило “сузуки” со скопски регистарски ознаки.

Кон лицата преземени се соодветни мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за сторен сообраќаен прекршок и ќе се соочат со законски предвидените глоби, информираа од МВР.

ИЗДВОЕНИ