понеделник, октомври 12, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Европската индустрија бара итни мерки против кинеската конкуренција

Европската индустрија бара итни мерки против кинеската конкуренција

2

Четириесет и четири европски индустриски здруженија побараа од земјите членки на ЕУ итно да реагираат на, како што велат, неправедните кинески трговски практики кои го загрозуваат европското производство и работните места.

Повикот доаѓа пред самитот на лидерите на ЕУ во Брисел следната недела, на кој ќе се разговара за трговскиот дефицит со Кина, кој, според здруженијата, надминува една милијарда евра дневно.

Здруженијата бараат поефикасни механизми за трговска заштита, побрзо разгледување на жалбите од компаниите и нови мерки против нарушувањата на пазарот. Европските производители предупредуваат дека кинеските стоки, за кои тврдат дека често се поддржани со државни субвенции, ја намалуваат конкурентноста на европската индустрија.

На самитот ќе се разгледуваат и предлозите на Франција и Германија за зајакнување на трговската заштита, како и резултатите од посетата на европскиот комесар за трговија, Марош Шефчович, на Кина, каде што се разговара за можностите за ограничување на извозот во одредени сектори.

ИЗДВОЕНИ