понеделник, октомври 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МВР : Михаилова нема евидентиран излез од територијата на Македонија

МВР : Михаилова нема евидентиран излез од територијата на Македонија

0

Обвинетата Ива Михаилова од Кочани ја поминала границата на див премин, се заклучува од соопштението на МВР по прашањата на медиумите – Како Михаилова ја поминала македонско-бугарската граница

-Ве известуваме дека се извршени проверки во системот за гранична контрола на Министерството за внатрешни работи, при што е утврдено дека за наведеното лице нема евидентиран излез од територијата на Македонија, велат од МВР

Нејзиниот адвокат од земјава Насер Рауфи за ВЕЧЕР изјави дека немало дозвола од Судот за таа да ја напушти Македонија.

И додека се чекаат официјални информации од македонските институции, таа дава изјави за бугарските медиуми. Во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ), Михаилова вели дека нема ништо нелегално во нејзиното преминување на македонско-бугарската граница и дека тоа го сторила со своите лични документи. На прашањето како ѝ било дозволено да замине од Македонија, таа вели оти граничната полиција соработувала.

„Ја преминав границата со моите документи. Вчера се чувствував многу лошо. Разговарав со мојот адвокат и се договоривме – заедно одлучивме тој да дојде по мене и јас да се вратам во Бугарија. Ги предадов документите на проверка и нè пуштија. Поминавме низ контрола. Немаше ништо незаконско во моето преминување. Следно, треба да бидам примена во болницата ‘Пирогов’ на лекување, по што ќе следи рехабилитација“, изјави Михаилова за БНТ.

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, рече дека ќе бидат преземени мерки за испрашување на Михаилова и за утврдување кога, каде и како ја преминала границата. Според него, во моментов нема информации за каква било комуникација иницирана од македонските власти во врска со случајот. Шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова-Чамова, пак, од Луксембург изјави дека бугарското МНР не било вклучено на ниту еден начин во заминувањето на Ива Михаилова од Македонија во Бугарија. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ