среда, јуни 17, 2026
Дома КУЛТУРА Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

2

По промоциите во Скопје, Гостивар и Куманово, збирката раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска утревечер (18 јуни, четврток) од 19 ч. во книга-барот „Пионерски“ ќе се претстави и пред читателите во Битола. Низ разговор со авторката книгата ќе ја промовира Сашо Огненовски.

Од своето објавување во март годинава, „Ништо нормално“ предизвикува силен интерес кај читателската публика, благодарение на својот специфичен стил, провокативниот пристап и обработката на современи теми, со фокус на обичниот човек и неговите секојдневни предизвици.

Симона Јованоска е родена во 1985 година во Гостивар. Образованието го започнала во родниот град, а потоа дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, на отсек маркетинг. Нејзиното книжевно творештво започнува во 2015 година со збирката раскази „Ги најдов во длабокото“, објавена исто така во „Или-Или“. Во 2019 година ја добива втората награда на конкурсот на „Нова Македонија“ за расказот „Последниот кат“, а во 2022 година е првонаградена за расказот „Кажи му на кучето“. Нејзиниот роман „Денот на црвот“ (2021, 2022, 2024) е прогласен за „Роман на годината“ од Фондацијата „Славко Јаневски“ и е преведен на неколку јужнословенски јазици. Во 2022 година ја објавува и книгата за деца „Градот Вабу и потрагата на Нави“, а во 2024 година романот „Леска Брезоска“.

ИЗДВОЕНИ