вторник, ноември 3, 2026
Дома КУЛТУРА Маестро Симон Трпчески ја почести публиката со „Камерен музички десерт“ во Филхармонија/ФОТОГАЛЕРИЈА

Маестро Симон Трпчески ја почести публиката со „Камерен музички десерт“ во Филхармонија/ФОТОГАЛЕРИЈА

19
Фото:П.Стојановски
Македонскиот пијанист со светска кариера, Симон Трпчески, вечерва ја почести публиката во Македонската Филхармонија Скопје со ексклузивниот концерт „Камерен музички десерт“.
Поради огромниот интерес и распродадениот вчерашен настап, нашиот виртуоз и вечерва пренесе магична енергија во преполната сала на Македонската филхармонија.
На сцената одекнуваа композициите кои на уникатен начин ја обединуваат романтичната чувствителност на Шопен и Григ со современите музички бои и контрасти на Конесон, Шахов и Шостакович. Овие автори, кои припаѓаат на различни епохи и стилски изрази, донесоа вистинско музичко уживање во интимен амбиент, каде границата меѓу подиумот и слушателите беше целосно избришана.
Фото: П.Стојановски

 

ИЗДВОЕНИ