среда, јуни 17, 2026
Дома СВЕТ Зад кулисите на самитот на Г7: Кој се откажа од пушењето, а...

Зад кулисите на самитот на Г7: Кој се откажа од пушењето, а кој гo изгуби часовникот?/ВИДЕО

2
EPA/THIBAULT CAMUS / POOL MAXPPP OUT

Состанокот на Г7 беше обележан со бројни сериозни дискусии, а во паузата помеѓу состаноците, лидерите на земјите беа зафатени со малку порелаксиран разговор. Имено, британскиот премиер Кир Стармер, јапонскиот премиер Санае Такаичи, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, Урсула фон дер Лајен и Антонио Коста се собраа околу една маса.

Една од темите што ги отворија беше зависноста од никотин, а Мелони им ја сподели на службените лица информацијата дека престанала да консумира цигари пред еден месец.

„Утрово морав да испијам три кафиња“, рече Мелони, на што Мерц ја праша дали запалила и цигара со кафето.

„Не, се откажав. Пред еден месец“, рече Мелони.

Потоа, Урсула фон дер Лајен го праша Антонио Коста дали е пушач, на што претседателот на Европскиот совет одговори дека престанал да пуши во 2005 година.

Покрај оваа тема, лидерите се осврнаа и на тековното Светско првенство.

Додека лидерите се собраа на ручек, им се придружија и францускиот претседател Емануел Макрон и други. Некој извика „Allez Les Bleus“, знак на поддршка за францускиот тим.

Се слушна друг лидер како зборува за неодамнешната победа на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

Во еден момент, британскиот премиер Кир Стармер зборуваше за изненадувачкиот реми помеѓу Зеленортските острови и Шпанија.

„Морам да кажам дека тоа е прилично извонредно“, рече тој.

Интересен момент се случи и по ручекот кога Макрон го заборави часовникот на масата, што го забележаа Доналд Трамп и канадскиот лидер Мајк Карни.

„Го остави часовникот тука. Ние го имаме неговиот часовник“, рече Карни.

На што Трамп додаде: „Дајте ми го ако си отиде, дајте ми го“, рече Трамп, предизвикувајќи смеа кај публиката.

ИЗДВОЕНИ