До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Во среда ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Во четврток наместа ќе има пообилни врнежи, а поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во значително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време, а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени.




![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)








