Првата ѕвезда на Деневер нагетс, Никола Јокиќ, е казнета со 50.000 долари, а Џулиус Рендл од Минесота тимбервулвс со 35.000 долари за вмешаноста во тепачката што се случи кон крајот на четвртиот натпревар од првото коло од НБА-плејофот. Но, и покрај казните, двајцата играчи ќе имаат право да играат во понатамошната фаза од плејофот.

Инцидентот се случи откако Џејден Мекдениелс од Минесота ја положи топката на 2,1 секунда пред крајот на натпреварот, при водство на Тимбервулвс со 14 поени разлика. Никој не го чуваше додека се поздравуваа другите играчи на другиот крај од теренот, и реши да поентира.

ИЗДВОЕНИ