Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ изјави дека не се плаши од апсење бидејќи, како што рече, нема потпишано ништо што вклучува пари.
Гостувајќи синоќа на ТВ Пинк, Вучиќ рече дека против него не може да се најде ништо.
„Јас не потпишувам ништо и не правам ништо што вклучува пари, така што во тој поглед не може да се најде ништо. Не знам дали ме разбирате. Можете да истражувате дали тој [Вучиќ] му рекол нешто некому – но тоа се само празни муабети, целосно губење време. Тие немаат ништо“, нагласи поранешниот српски претседател.












