Продолжува услугата „Итно копче“ на територијата на Општина Кисела Вода за сите 40 досегашни корисници во нивните домови.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска- Трајкоска, денеска ги посетила корисничките на оваа услуга, госпоѓите Нада и Љубица.
– Разговаравме топло и искрено за нивното секојдневие. Ми раскажаа колку им значи овој мал уред за нивните мир и сигурност – истакна Стаменкоска-Трајкоска.
Таа наведе дека оваа важна поддршка за лицата над 65 години се реализира преку успешната соработка со Црвениот крст.
– Нашите повозрасни граѓани имаат на располагање 20 лиценцирани негуватели. Преку уредот, тие добиваат 24/7 поддршка за секоја итна состојба. Обучените лица нудат прва помош и прва психолошка поддршка. Обезбеден е и транспорт до здравствена установа со специјални возила кога е најпотребно. За сè да функционира беспрекорно, аларм-уредите имаат бесплатна дневна техничка поддршка. Важно е нашите највозрасни жители да имаат спокојна старост. Важно е да знаат дека во секој момент имаат стручен тим подготвен да реагира и да им помогне. Општина Кисела Вода се грижи посветено за мирна и достоинствена старост – објасни Стаменкоска- Трајкоска.












