вторник, август 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Продолжува авионското и прскањето од земја

Продолжува авионското и прскањето од земја

1

Градот Скопје продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје.

Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, ќе се изврши авионска дезинсекција, додека во периодот од 23 до 26 август ќе се реализира дезинсекција против возрасни форми на комарци од земја.

Вечерва пак се спроведе 13. дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци.

Од Град Скопје велат дека сите активности се спроведуваат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од надлежните здравствени власти.

Во текот на сезоната досега се реализирани повеќе третмани за сузбивање и на ларвите и на возрасните форми на комарци.

Дезинсекција против ларви: 7 мај – авионска дезинсекција, 11 јуни – авионска дезинсекција , 26 јуни – теренска дезинсекција, 10 јули – авионска дезинсекција, 23 јули – теренска дезинсекција, 11 август – теренска дезинсекција.

Дезинсекција против возрасни форми на комарци: 1 и 2 ју                     ни – авионска дезинсекција, 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција, 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција, 13 и 15 јули – теренска дезинсекција, 30 и 31 јули – авионска дезинсекција, 4 и 6 август – теренска дезинсекција .

-До крајот на сезоната се планирани повеќе од 20 дезинсекции против комарци, со што се обезбедува континуирано спроведување на мерките согласно однапред утврдена динамика – соопштија градските власти.

Оттаму додаваат дека продолжуваат навремено и системски да работат на намалување на бројноста на комарците и на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните.

 

 

ИЗДВОЕНИ