вторник, август 18, 2026
Дома СВЕТ Масовен напад со беспилотни летала врз Москва! Дете меѓу повредените/ВИДЕО

Масовен напад со беспилотни летала врз Москва! Дете меѓу повредените/ВИДЕО

0

Три лица, меѓу кои и едно девојче (10), се повредени во напад со дронови врз Московскиот регион, објави денес гувернерот Андреј Воробјов. Во округот Раменскоје, едно девојче е повредено кога дрон се урна во приватна куќа.

Таа се здоби со рана од шрапнел на раката и е хоспитализирана.

Во округот Богородски, една жена е повредена од остатоци од беспилотно летало, додека во Коломна, повреден е 27-годишен маж е повреден.

Сите повредени се под медицински надзор.

Дронот, исто така, удрил во магацин на компанијата „Вајлдберис“ во Богородски, каде што избувнал пожар кој подоцна бил локализиран.

Куќи и згради во округот Павловски Посад, Коломна, Котелники и Електростал се исто така оштетени.

Според руското Министерство за одбрана, за време на нападот биле соборени повеќе од 150 украински беспилотни летала.

Според неофицијални информации, вкупно повеќе од 600 авиони биле лансирани во областа.

Овие тврдења на руските власти не се независно потврдени.

ИЗДВОЕНИ