вторник, август 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА НА ПРАЗНУВАЊЕТО НА ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА: Вселенскиот патријарх Вартоломеј...

НА ПРАЗНУВАЊЕТО НА ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА: Вселенскиот патријарх Вартоломеј ги слушаше македонските песни и ора

Имавме радост да пееме стихови на повеќе јазици: македонски, албански, црковнословенски и грчки, сооопштија од кичевскиот хор „Козма Пречистански“

127

Македонски песни и ора беа изведени пред вселенскиот патријарх Вартоломеј на прославата на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на чествувањето што се одржало на островот Имврос во Турција во рамките на Вселенската патријаршија. Македонските песни и ора без изведени од хорот „Козма Пречистански“ од Кичево, заедно со студенти од музичкото средно образование и играорци, кои беа поканети да учествуваат на прославата. Пејачите и играорците претставиле дел од македонската традиција преку изведба на повеќе песни и традиционални ора, придружувани од музичари. Пред свечениот дел, македонските хористи и играорци учествувале и на Успенската богослужба која ја предводеле вселенскиот патријарх Вартоломеј и албанскиот архиепископ Јован. Хорот учествувал со пеење на стихови на повеќе јазици – македонски, албански, црковнословенски и грчки.

Посетата била реализирана по покана на митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, а со благослов на епископот Антаниски, Партениј. Митрополит Кирил е познат по своите чести доаѓања во Македонија со цел да се надмине проблемот околу издавањето на томосот за автокефалност на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија.

Од хорот „Козма Пречистански“ соопштија дека им било огромна чест да учествуваат на празнувањето.

-Имавме огромна чест да бидеме дел од повеќе торжествени настани на прекрасниот остров Имврос. Неколкумина членови од нашиот хор, заедно со студенти од музичкото средно образование и играорци, со голема радост се одзвавме на оваа покана. По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, имавме благослов да се вдахновиме од убавите зборови на службата, пеејќи на певниците заедно со домашните псалти и Митрополитот. Успенската Евхаристија, пак, ја предводеа Вселенскиот Патријарх и Тиранскиот Архиепископ, а ние имавме радост да пееме стихови на повеќе јазици: македонски, албански, црковнословенски и грчки. Покрај духовното торжество, голема радост за нас беше и заедничкиот настап на празничната програма. Придружувани од талентираните музичари кои свиреа со нас, нашите пејачи и играорци споделија дел од нашата богата традиција – испеавме повеќе прекрасни песни и изигравме неколку традиционални ора, пренесувајќи ја празничната веселба меѓу сите присутни – соопштија од Хорот.

За учеството на македонските играорци, известиија и дел од грчките црковно портарли.

-По Божествената Литургија следеше литија со иконата на Пресвета Богородица низ улиците на Агриди. На плоштадот во селото беше приредено традиционално имвроско послужување, а млади девојки и момчиња од Охридската Архиепископија Охридска пееја и играа во чест на Вселенскиот патријарх и на поклониците, објави Orthodoxia Info. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ