петок, ноември 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Поднесена е кривична пријава против четири турски државјани за сторени кривични дела...

Поднесена е кривична пријава против четири турски државјани за сторени кривични дела „изнуда“ во обид и „предизвикување општа опасност“

0

СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство при МВР и СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.К.(22), Р.А.(24), Ф.С.(25) и Р.Б.(23), сите од Република Турција, со привремен престој во Штип и Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ во обид и дека Р.Б. го сторил и кривичното дело „предизвикување општа опасност“.

Прво и второпријавениот К.А. и Р.А., кои се моментално на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово, со посредство на третопријавениот Ф.С., во периодот од 09.11. до 17.11.2026, во неколку наврати, преку телефонски контакти и директни средби на Ф.С. со Џ.О. од Турција, се обиделе да му изнудат пари, наводно стекнати на нелегален начин во државата.

Имено, тие најпрвин му побарале 100.000 евра и му се заканувале и со семејството, но откако ги одбил сумата ја малиле на 40.000 евра. Откако ги одбил и за овааа сума, го поттикнале четврто пријавениот Р.Б., кој на 17.11.2026 на паркинг простор на ул.„Страшо Пинџур“ во Штип со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „ренџ ровер“, сопственост на сопругата на Џ.О..

ИЗДВОЕНИ