петок, ноември 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нов случај на врсничко насилство во Скопје: Две малолетнички нападнале и ограбиле...

Нов случај на врсничко насилство во Скопје: Две малолетнички нападнале и ограбиле девојче во Центар, и притоа сè снимиле со телефон

0

Полицијата приведе две малолетнички од Скопје по пријава дека физички нападнале и ограбиле друго девојче во центарот на градот, при што целиот инцидент го снимале со мобилен телефон.

Според информациите од МВР, настанот се случил на 19 ноември околу 18:10 часот на подрачјето на општина Центар. Двете малолетнички ја пресретнале жртвата, по што едната физички ја нападнала, додека другата ѝ одзела пари и лични предмети и го снимала нападот со телефон. По преземените мерки, полициски службеници од СВР Скопје истиот ден во 19:50 часот ги лишиле од слобода двете осомничени малолетнички.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИЗДВОЕНИ