Во пресрет на главната летна туристичка сезона, Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото, на потегот кај Сараиште во стариот дел на градот и покрај крајбрежјето во туристичката населба Пештани.
Во повикот се нагласува дека треба да се отстранат пловните објекти поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во тој дел од градот, со цел непречено користење од жителите и од туристите.
Според локалните власти, доколку сопствениците сами не ги отстранат пловните објекти поставени на јавни површини предвидени за рекреација на туристите, тоа ќе го сторат екипи на општинските јавни претпријатија, а трошоците за тоа ќе паднат на товар на сопствениците.












