среда, јуни 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Притвор за потпалувачот на бугарските возила, полицијата го расчисти случајот

Притвор за потпалувачот на бугарските возила, полицијата го расчисти случајот

34
Полицијата поднесе кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје и со тоа целосно го расчисти случајот. Во меѓувреме Судот му одреди осумдневен притвор на 44 годишниот осомничен од Драчево.
„Вчера (16.06.2026), Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното кривично дело. Во текот на истрагата беа обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Во полициска станица, осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело“, велат од МВР
Обвинителството најави дека истрагата ќе се води по брза постапка.
„На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот. Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката“, информираа од ОЈО. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ